Почитувани корисници,

Пред користење на нашите услуги ве замолуваме внимателно да ги прочитате следните услови. 

Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. 

Доколку нашите услови се неприфатливи за вас, ве замолуваме да не ги користите услугите на оваа платформа.


Општи одредби


Авторски права

 www.avtodelovi.com.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). 

Неовластено користење на било кој дел од порталот (без дозвола на сопственикот на авторските права) се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба. 

www.avtodelovi.com.mk може да ги ревизира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ.

Ве замолуваме периодично да ја посетувајте оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што, за вас како корисник, тие се обврзувачки.


Цени

Цените на сајтот се конечни на денот на нарачката, со вклучен ДДВ и изразени во Денари.

www.avtodelovi.com.mk го задржува правото да врши промена на цените без претходна најава.


Нарачка

За да можеме да понудиме квалитетна услуга, сите клиенти е Задолжително да имаат Телефон за Контакт.

По комплетирањето на нарачката, ќе бидете контактирани од нашиот Центар за Корисници. По потврдување на порачката ќе добиете и e-mail порака како потврда дека нарачката е примена и истата ќе ги содржи деталите од нарачката. 

Доколку ова е ваша прва порачка, системот автоматски ќе генерира профил, кој ќе може да го користите за сите идни нарачки.


Испорака

Нарачаните производи кој што се во моментот на залиха ќе Ви бидат испорачани во период од 2-3 дена.

Доколку не се на залиха ќе бидете известени телефонски или по емаил.

Артиклите ќе бидат испорачани на адресата која ја имате потврдено во нарачката.

Трошоците за испорака се за сметка на нарачателот, освен ако не е поинаку назначено. 

Производот и трошоците за испорака се плаќаат кога ќе го добиете производот. (Повеќе во Информации за испорака.)


Превземање на пратки

Курирот ја доставува пратката до адреса потврдена при нарачката од страна на купувачот .

Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. 

Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде оставена во депото на курирската фирма од каде ќе мозете да ја подигнете во рок од 5 дена. Очекувајте да Ве контактираме за утврдување на причината за неподигнување на нарачката и да Ве информираме од каде можете да ја подигнете пратката аи да Ви ги дадеме контактите од курурската фирма.


Плаќање

Производите може да ги платите при приемот на домашна адреса или во локалната пошта во готовина.


Цена на Испорака

Цената за достава на сите производи нарачани онлине од www.avtodelovi.com.mk за вредност над 3000 МКД е бесплатна. За вредност на производите под 3000 МКД цената на достава е 150МКД. Доколку нарачката е специфична по обем, тежина или вид и е надвор од овие ценовни рамки т.е бара цена на достава по договор ќе бидете контактирани од наша страна за утврдување, договарање на цената за достава.


Враќање

Доколку производот не Ви одговара или сакате да го откажате, тогаш можете исклучиво неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување и со приложените документи да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето.

Истиот ќе Ви биде заменет за соодветен за 2-3 дена.

Доколку не сме во можност да Ви го замениме, парите ќе Ви бидат вратени назад преку куриерска пошта на база на откуп. Во овој случај трошоците за поштарина се на ваша сметка.

Доколку производот не е во согласност со Вашата нарачка т.е сте нарачале артикал А а сте добиле артикал Б односно сте добиле неисправна пратка ве молиме во рок од 24 часа по приемот на пратката да не известите за направениот пропуст по телефон или по емаил.. Истата ќе Ви биде заменета за исправна во рок од 2-3 дена а при подигање на новата исправна пратка ќе ја вратите старата неисправна пратка.

Враќањето на неисправната пратка е на наш трошок.


Рекламација

Рекламација за оштетени производи при транспорт до вас

При зимање на пратката, проверете дали артикулот е со оштетен надворешен изглед (згмечен, намокрен, искинат, отворен...)

Ако е така, одговорноста е на транспортната фирма. Ве молиме веднаш да пријавите на лице место кај транспортната фирма, тоа е нивна одговорност.

Во случај на недоразбирање од страна на транспортната компанија ве замолуваме да:

- не ја подигате пратката

- веднаш пријавете го случајот кај нас на телефон +389 71 267 666

Во оваа ситуација ќе добиете нов исправен производ за 2-3дена или доколку не сакате нов артикал ќе ви ги вратиме парите. Трошоците за транспорт се на наша сметка.


Рекламација за гаранцијата на артиклот

Сите понудени производи се со гаранција. Гаранцијата е врзана за експлоатација на производот во нормални услови, вградување од реномиран или овластен сервис, километри или време.