Испорака

Нарачаните производи кој што се во моментот на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 2 до 3 работни дена.

Доколку не се на залиха ќе бидете известени телефонски или по емаил.

Артиклите ќе бидат испорачани на адресата која ја имате потврдено во нарачката.

Трошоците за испорака се за сметка на нарачателот, освен ако не е поинаку назначено.

Производот и трошоците за испорака се плаќаат кога ќе го добиете производот на денот на нарачката.


Цена за испорака

Цената за достава на сите производи за вредност над 3000 МКД е бесплатна.

За вредност на производите под 3000 МКД цената на достава е 150МКД.

Доколку нарачката е специфична по обем, тежина или вид и е надвор од овие ценови рамки т.е бара цена на достава по договор ќе бидете контактирани од наша страна за утврдување, договарање на цената за достава.


Рок на Испорака

Рокот на испорака е од 2 до 3 работни дена.

За сите нарачки направени во сабота ,недела или за празник ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден.

Сите нарачки направени до 12 часот ќе бидат испорачани за 2 работни дена а за нарачките направени по 12 часот ќе бидат испорачани за 3 работни дена.

Доколку нашата нарачка не сме во можност да ја испорачаме во овие рокови благовремено ќе бидете известени по телефон или по емаил.


Превземање на Пратки

Курирот ја доставува пратката до адреса потврдена при нарачката од страна на купувачот.

Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш телефонски ќе бидете исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака.

Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде оставена во депото на курирската фирма од каде ќе мозете да ја подигнете во рок од 5 дена.

Очекувајте да Ве контактираме за утврдување на причината за неподигнување на нарачката и да Ве информираме од каде можете да ја подигнете пратката аи да Ви ги дадеме контактите од курурската фирма.


Плаќање

Плаќањето се врши во готовина при прием на производот на домашна адреса или при подигање од канцеларија на куриерската фирма.


Враќање

Доколку производот не Ви одговара или сакате да го откажате, тогаш можете исклучиво неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување и со приложените документи да го вратите во рок од 7 дена од денот на преземањето.

Истиот ќе Ви биде заменет за соодветен за 2-3 дена.

Доколку не сме во можност да Ви го замениме, парите ќе Ви бидат вратени назад преку куриерска пошта на база на откуп. Во овој случај трошоците за поштарина се на ваша сметка.

Доколку производот не е во согласност со Вашата нарачка т.е сте нарачале артикал А а сте добиле артикал Б односно сте добиле неисправна пратка ве молиме во рок од 24 часа по приемот на пратката да не известите за направениот пропуст по телефон или по емаил.. Истата ќе Ви биде заменета за исправна во рок од 2-3 дена а при подигање на новата исправна пратка ќе ја вратите старата неисправна пратка.

Враќањето на неисправната пратка е на наш трошок.